Куп-мечот меѓу Победа и Гостивар наместо во Прилеп ќе се игра во Скопје

by 24 фудбал
1 минути читање

Во среда во 14:00 часот ќе се одиграат трите преостанати натпревари од првото коло во Купот на Македонија.

Најатрактивна рпесметка се очекува да биде меѓу Победа и Гостивар, која првично требаше да се игра во Прилеп, но дојде до промена на домаќинството. По барање на Гостивар, екипата на Победа прифати натпреварот да се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде што гостиварчани ги играат своите домашни натпревари.

Освен овој дуел во Маџари, ќе се одиграат мечевите на Беласица и Македонија Ѓорче Петров, како и Башкими против Воска Спорт.

Сите три средби се на програмата во 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани