104
Барселона славеше против Алавес со 3-0 и ја зголеми предноста пред Реал Мадрид на три бода во шпанската Ла Лига, но интересен беше потегот на тренерот Ханси Флик да го остави Жил Кунде на клупата за резерви.
Кунде досега постојано беше на теренот, па многумина помислија дека Флик сака да го одмори и затоа се решил да го остави на клупата, но не било така.
Флик поради недисциплина го казнил Кунде со тоа што не го играл на мечот против Алавес.
„Кунде не стигна на време пред мечот, затоа беше казнет од Флик. Германецот веќе предупреди дека ќе преземе драстични мерки за тие кои не се дисциплинирани“, открива извор од Барселона.