Екипата на Куманово е последниот третолигашки првак, откако со 0-3 слави против Башкими Љуботен и го одбрани врвот во Третата македонска фудбалска лига – Север. Со оваа победа кумановчани го одбранија бодот предност на врвот пред Шкендија Арачиново која слави во ефикасен меч кај Фортуна (3-5).
Така, екипата на Куманово си обезбеди место во баражот за влез во Втората македонска фудбалска лига. Од второлигашкото друштво во доигрувањето се пласира екипата на прилепска Победа.
Покрај овие два тима, во баражот место од претходно си обезбедија уште четирите шампиони во регионалните Трети лиги. На Истокот првак е Вардарски од Богданци, на Западот шампион е Велазерими од Кичево, во југозападниот регион најдобар беше Кораб од Дебар, додека на Југот се радуваше велешки Борец.
Така, Куманово, Победа, Вардарски, Велазерими, Кораб и Борец ќе се борат во трите бараж дуели за трите места во ВМФЛ следната сезона.