Шпанскиот бек на Челзи, Марк Кукуреља, одново е „жешка тема“ поради добрите партии на Европското првенство. Иако сезонава во таборот на „сините“ имаше маргинална улога, одигра 21 првенствен натпревар и тоа половина беа од клупата, сепак бекот се покажува во одлична форма во Германија.
Поради добрите игри почна да се актуелизира прашањето за иднината на Кукуреља, која е неизвесна. Сепак, јасно е дека Шпанецот не би играл повторно за Барселона, бидејќи самиот тој го откри тоа.
„Во моментов сум фудбалер на Челзи и среќен сум во Лондон. Фокусот сега ми е само на Европското првенство и ништо друго не ме интересира. Не ми паѓа на памет да се вратам во Барселона! Имам договор со Челзи и немам намера да си заминам ова лето“, дециден беше Кукуреља.
Шпанците покажаа одлична форма на стартот на Европското првенство и одиграа два убедливи натпревари.