184
Репрезентацијата на Шпанија го освои трофејот на Европското првенство во Германија, откако во финалето ја совлада Англија со 2-1.
Еден од најстандардните играчи на ова првенство беше левиот бек на Челси, Марк Кукуреља. Тој за време на турнирот даде лудо ветување кое мораше да го исполни. Своевремено Кукуреља кажа дека ако Шпанија го освои Европското првенство, тој ќе ја обои косата во црвена боја.
Кукуреља на пет дена по крајот на првенството во Германија го исполни своето ветување, а фотографиите ги преплавија социјалните мрежи.