Крос ја објасни совршената асистенција до Винисиус! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид вчера поведе против Баерн Минхен благодарение на едно ремек-дело на Тони Крос, една фантастична асистенција која Винисиус ја реализираше за 1-0.

Германецот скромно го објасни неговиот потег, а пофалбите ги упати кон Винисиус.

„Видов дека нивните централни дефанзивци секогаш го пратат Винисиус и знам дека Винисиус секогаш трча во простор… затоа заслугите одат за Вини. Тој го отвори просторот, а додавањето беше добро“, рече Крос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани