246
Легендарниот Тони Крос ја заврши клупската кариера, но неговата осмица ќе продолжи да се носи, а честа ќе ја има Федерико Валверде.
На вчерашната прослава пред илијадниците навивачи на Реал Мадрид, Тони Крос и официјално соопшти дека му го дава бројот на Валверде.
Помладиот фудбалер беше пресреќен што ќе го носи неговиот број, вели дека му се треселе нозете кога му било соопштено.
„Нозете ми се тресеа кога ми го кажа тоа Тони. Благодарен сум за времето што го поминав со него во тимот, беше неверојатно“, изјави Валверде.