Германската фудбалска легенда Тони Крос го одигра последниот натпревар во својата кариера. Ако на клупски план со Реал Мадрид имаше перфектен крај и ја освои Лигата на шампионите, со Германија беше елиминиран во четвртфиналето на Европското првенство.
Крос зборуваше за својата иднина и каде ќе живее. Тој реално ја оцени ситуацијата во Германија поврзана со масовната миграција.
„Германија повеќе не е истата држава како пред десет години, а причината за тоа е масовната миграција. Проблемот со масовното мигрирање е бидејќи станува премногу неконтролирано. Постојат проблеми насекаде во земјата. Станува пренаселено и секаде е гужва. Јас ќе останам да живеам во Шпанија, едноставно не мислам дека е безбедно мојата ќерка да шета по 11 часот во голем германски град“, изјави Крос.
Инаку, Тони Крос точно десет години живее надвор од Германија, бидејќи во 2014 година се пресели од Баерн во Реал и живееше во Мадрид.