Германската фудбалска легенда Тони Крос ја заврши играчката кариера, а неговиот последен натпревар беше четвртфиналето на Европското првенство меѓу Германија и Шпанија.
Асот кој од Реал Мадрид се прости со трофејот во Лигата на шампионите, не успеа тоа да го повтори и со националниот тим на првенството на стариот континент. Сега Крос гостуваше на еден подкаст во родната земја, а таму доби интересно прашање. Тој требаше да одбере тројца најдобри фудбалери со кои ја делел соблекувалната и теренот.
„Би бил некоректен ако некој изоставам од изборот… Ако баш морам да именувам тројца, нека бидат тоа Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и секако Лука Модриќ“, кажа Крос.
Крос реши релативно рано да замине во пензија, ама реши тоа да го направи додека е на врвот и не е во пад на играчки план.