Францускиот офанзивец Кристофер Нкунку постигна гол за Челзи во победата над Брајтон (1-2), со која „сините“ дојдоа на чекор до излез на евро-сцената.
Како и многу пати претходно, Французинот го прослави погодокот така што зеде балон, го надува и го задржа над главата. Многумина се прашуваат што значи оваа прослава на Нкунку, а тој реши конечно да открие. Причината е едноставна: „Балонот беше за мојот син. Тој навистина многу сака балони“, прокоментира фудбалерот.
Инаку, Нкунку немаше сезона каква што очекуваше во Премиер лигата, а главна причина за тоа се повредите. За Челзи тој одигра само 12 настапи во сите натпреварувања откако претрпе две тешки повреди, меѓутоа сега се враќа и се очекува да ја темпира формата за следната сезона.
Нкунку блескаше во Бундеслигата и беше избран за играч на сезоната додека беше член на РБ Лајпциг, па очекувањата од него се огромни.