Кристијано Роналдо на почетокот на следната година ќе наполни 40 години, меѓутоа не размислува за повлекување од фудбалот.
Асот на Ал Наср доби прашања дали планира пензија, дали некогаш би бил тренер и дали крајот на кариерата го гледа во Саудиска Арабија.
„Кога ќе одлучам да се повлечам од репрезентацијата, тоа ќе биде тајна. Никој нема да знае каде тоа ќе се случи. Не сум размислувал опцијата да бидам тренер. Се гледам себеси во друга улога, надвор од фудбалот.
Не сум сигурен дали моето пензионирање ќе биде сега или за неколку години, но веројатно ќе ја завршам својата кариера во Ал Наср. Чувствувам дека ми е одлично тука и уживам да играм во Саудиска Арабија“, изјави Роналдо.
Кристијано Роналдо од јануари 2023 година е член на Ал-Наср, а претходно настапуваше за Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг.