„Криминален“ црвен за Реијндерс, Милан преживеа 70 минути со десетмина за триумф! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Милан издржаа повеќе од еден час со црвен картон и минимално славеа во дуелот против Удинезе (1-0) во рамките на коло во Серија А.

Добро отворија домаќините на „Сан Сиро“, имаа иницијатива и тоа го крунисаа со водечки погодок преку Самуел Чуквуезе. „Росонерите“ делуваа сигурно на теренот, меѓутоа ситуацијата драстично се смени во 29. минута кога веројатно престрого беше исклучен Тијани Реијндерс.

Репрезентативецот на Холандија беше последен пред голот на Милан, го бркаше Ловриќ кој се потсопна и падна, а судијата Кифи без размислување му го покажа патот кон соблекувалната. Иако ситуацијата се проверуваше и во ВАР собата, промена на одлуката немаше и Реијндерс беше исклучен.

Во продолжението Удинезе беше многу поопасен, притискаше и се обидуваше да дојде до израмнување. Сепак, домашниот тим играше дисциплинирано во одбраната. Отпорот пукна во 95 минута и Кабаселе ја затресе домашната мрежа, меѓутоа по долга проверка голот беше поништен и Милан ја задржа победата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани