Милан ја забележа првата победа во Лигата на шампионите против Клуб Бриж (3-1). Во овој натпревар ново разочарување доживеа првата ѕвезда на тимот Рафаел Леао.
Португалецот беше заменет во вториот дел и беше видно незадоволен, а веднаш по крајот на средбата замина в соблекувалната додека останатите отидоа да ги поздрават навивачите.
Коментар за однесувањето на Леао имаше аргентинската фудбалска лагенда и сегашен тренер Хернан Креспо. Поранешниот напаѓач на „росонерите“ нагласи дека Португалецот е се уште незрел.
„Гледам однадвор бидејќи не сум во Миланело, но го познавам клубот. Кога ќе го видам Леао прво ми паѓа на памет – конфузија. Делува дека е збунет. Јасно е дека има ментален проблем. Тој е талентиран, има квалитет, ама сметам дека не е доволно зрел како што играч-шампион би требало да биде“, изјави Креспо.