Крај на шпекулациите: Пикси останува селектор на Србија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Драган Стојковиќ ќе остане на селекторското столче на репрезентацијата на Србија. Оваа информација ја потврди генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, кој кажа:

Разговаравме со Пикси и тој уште еднаш ни потврди дека останува селектор на А-тиот. Според важечкиот договор продолжуваме со соработката. Понудите се составен дел од тренерската работа, исто како што за секоја сериозна организација е нормално да има решенија во случај на промени“.

Директорот на Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека Пикси имал понуди на својата маса, меѓутоа решил дека треба да остане на позицијата селектор.

Пикси беше поврзуван со заминување, имаше понуди од неколку азиски земји и клубови од Саудиска Арабија. Се споменуваше дури и потенцијална „бомба“ како негова замена, искусниот италијански тренер Маурицио Сари, но до такво нешто барем сега нема да дојде.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани