Крај на една ера: Иниеста замина во пензија! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот Андрес Иниеста донесе конечна одлука на 40 години да стави крај на професионалната кариера.

Иниеста минатото лето одлучи уште малку да ја продолжи својата кариера со трансферот во Емиратите, но сега смета дека е вистински момент да се повлече.

Шпанскиот репрезентативец објави видео во кое ја соопшти својата конечна одлука.

Во кариерата Иниеста освои се што можеше да се освои со Барселона и Шпанија, а во 2018 година одлучи да го напушти каталонскиот клуб. Потоа помина пет сезони во јапонскиот Висел Кобе пред да одигра уште една сезона во Емиратите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани