Крауч: На Бенитез му подарив книга од Мурињо, прирачник како се освојува лига!

by riste
1 минути читање

Питер Крауч откри една анегдота од времето кога беше играч на Ливерпул, а Рафаел Бенитез и Жозе Мурињо имаа големо ривалство.

Бенитез беше тренер на Ливерпул, а Мурињо го водеше Челси и во тој период освои две титули во Премиерлигата.

„Кога бев во Ливерпул, игравме Сикрет Санта. Јас го добив Бенитез, па му купив книга напишана од Жозе Мурињо, тоа беше прирачник како да се освои лигата. Тоа беше кога Челси освојуваше се. Бев таму кога ја отвори…“, открива Крауч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани