Напаѓачот на Хрватска, Андреј Крамариќ денеска наполни 33 години, но атмосферата денеска во хрватскиот табор ја расипа Албанија која им извади бод играјќи 2-2.
Крамариќ беше стрелец на гол за Хрватска, и сѐ ќе беше поинаку доколку Хрватите ја задржаа предноста од 2-1. Сега се пред елиминација, за да не испаднат мора да ја победат Италија во последното коло.
„Не можев ни да замислам дека ќе го прославиме мојот роденден на ваков разочарувачки начин. Ќе беше многу поубаво ако ги освоевме сите три бода и беше така до последните секунди. Тоа е фудбалот, некогаш ќе дадеш гол во последните секунди, некогаш ќе примиш“, вели Крамариќ.
„Знаеме што е пред нас сега. Секогаш треба да ги решаваме работите на најтешкиот можен начин, страдајќи и борејќи се до последната секунда. Нека биде и сега така и со Божја волја ќе можеме да ја поминеме оваа група. Свесен сум дека играме против Италија, за која мислам дека е најдобрата репрезентација во групата. Потребно е да ја вратиме енергијата која ја имавме денеска во второто полувреме и да ги освоиме трите бода од тој меч и да одиме понатаму“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА