Крадци влегле во домот на најдобриот стрелец на Европското првенство – направиле штета од 250.000 евра!

by Стефан
1 минути читање

Грузискиот голгетер од редовите на Лион, Жорж Микаутадѕе кој беше и најдобар стрелец на Европското првенство поминал низ вистинска драма во неговиот дом.

Имено, како што пренесуваат медиумите Грузиецот во неговиот дом бил нападнат од две машки лица кои му се заканувале и со оружје.

За среќа поминал без повреди, но напаѓачите заминале со накит и вредни часовници, според информациите штетата која ја претрпел Грузиецот била околу 250.000 евра.

Кога пристигнала полицијата напаѓачите веќе биле заминати и по нив се уште се трага. Во редовите на Лион, грузискиот фудбалер пристигна летово за сума од 6.5 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани