Започна деветтото коло во англиската Премиер лига и досега сите менаџери кои започнаа сезоната и понатаму се на своите позиции.
Меѓутоа постојат неколку кандидати кои многу брзо би можеле да добијат откази. Во прв план тука се истакнува Ерик Тен Хаг и навивачите на Манчестер Јунајтед сакаат таа смена да се случи што е можно побрзо.
Но, уште еден фаворит прв да ја изгуби работата е Јулиен Лопетеги. Наредните три натпревари до репрезентативната пауза се клучни за неговата иднина. Шпанскиот стратег е свесен за тоа и знае дека притисокот врз него е огромен. Сепак, управата на Вест Хем ја цени неговата работна етика.
Се пишуваше дека раководството на Вест Хем веќе разгледувала потенцијални наследници на Лопетеги, но настојуваат да видат како екипата ќе одговори во наредниот период.
Во ова коло се среќаваат токму Јунајтед и Вест Хем, а за „чеканите“ потоа следат натпревари со Нотингем Форест и Евертон.