Фудбалерите на Силекс во рамките на петтото коло на ПМФЛ ќе гостуваат кај Воска Спорт.
Во пресрет на овој натпревар своите очекувања ги изнесе Валентин Кочоски. Овој фудбалер ќе настапи против поранешниот свој клуб, во родниот град Охрид.
„Моите впечатоци се дека имаме силен тим, но тоа треба да го докажуваме со бодови на гости, почнувајќи од недела. Чувството да се настапува во Охрид за мене е одлично и како што кажав очекувам конечно да почнеме да освојуваме бодови на гости.
Кратово како град е несекојдневен, со неколку интересни места и манастири да се посетат, тука и во околината. Се прилагодив брзо, благодарение на моите соиграчи“, изјави Кочоски.
Средбата на стадионот „Билјанини Извори“ се игра во терминот од 15:00 часот заедно со целата петта рунда.