Косовскиот новинар Арлинд Садику доби казна од УЕФА која му ја одзеде акредитацијата за известување директно од стадионите за време на Европското првенство.
За време на натпреварот меѓу Србија и Англија, новинарот од државата која има политички проблем со Србите направи провокација. Имено, Садику пред трибината со српски навивачи го покажа знакот на двоглавиот орел, кој двете земји го сметаат за свој.
Србија веднаш упати жалба до УЕФА, а Европската куќа на фудбалот реагира со санкција. Бидејќи гестот на новинарот од Косово беше сфатен како политичка провокација, па си ја доби казната.
Kosovo sports journalist Arlind Sadiku does the eagle in front of the Serbians.