Антонио Конте ја презема одговорноста за шокантниот пораз на Наполи на стартот од новата сезона во Серија А.
Наполи изненадувачки загуби со убедливи 3-0 на гостувањето кај Верона. Сите три голови ги примија во вториот дел.
„Во првото полувреме имаше само еден тим. Мислам дека Верона немаше ни шут. Во вториот дел веднаш дозволивме тие да имаат шут и веќе бевме во негатива“, вели Конте.
„Потоа се стопивме како снег на сонце. Треба да им се извиниме на навивачите на Наполи кои не следат со таква пасија. Јас сум тренер и јас ја преземам целосната одговорност“.
„Се извинувам бидејќи второто полувреме беше неприфатливо. Перформанси кои покажуваат дека треба да работиме напорно во секој аспект. Дојдов во Наполи со голем ентузијазам, со голема желба. Ако можам да му помогнам на Наполи, ќе му помогнам“.