Антонио Конте не е задоволен од ситуацијата во Наполи пред денешниот негов прв натпревар во Серија А со новиот тим.
Конте е познат по тоа што знае да распука по своите газди во текот на сезоната и да се пожали за трансфер пазарот, но во Наполи тоа го направи пред првиот официјален натпревар.
„Очекував тешка ситуација, но не ваква. Очекував позитивни изненадувања, но тешко е да најдам и едно такво. Очекував повеќе“, јавно се пожали Конте на прес-конференцијата.
„Наполи заврши на 10. место минатата сезона и тоа не е случајност. Кој и да помисли дека тоа беше само лоша среќа, тоа е далеку од реалноста“.
„Пазарот? Тоа е комплицирана ситуација, го знаете тоа многу добро. Жал ми е што се беше блокирано, што можам да кажам…“.
„Нашата мантра мора да биде да дадеме 200 проценти и да играме над нашите можности. Мора да бидеме скромни и трпеливи“.
„Не знам кога Наполи ќе биде конкурентен. Може ќе требаат шест месеци, година, две, три години. Не знам“.