Конте нема милост кон Осимен: Тие што се надвор од тимот, таму и ќе останат

by Стефан
1 минути читање

Нигериецот Виктор Осимен по долгата сага во текот на летото сепак остана во Наполи, но нема да игра фудбал во Неапол, барем не додека е Конте тренер.

Наполи вчера победи со пресврт и два гола во судиското продолжение против Парма, а по натпреварот тренерот Конте зборуваше за ситуацијата со Виктор Осимен.

Конте потврди дека Осимен ќе биде надвор од тимот и ништо нема да се промени, без разлика што не направил трансфер.

„Тие што во овој момент се надвор од тимот, таму и ќе останат. Задоволен сум од одработениот преоден рок и засилувањата. Имаме одлични играчи“, изјави Конте.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани