162
Во последниот ден од преодниот рок, екипата на Жирона е пред засилување во нападот и тоа со фудбалер кој може да биде сериозна конкуренција на македонскиот напаѓач Бојан Миовски.
Како што пренесува италијанскиот инсајдер, Фабрицио Романи, Жирона е пред договор со Виљареал за напаѓачот Арнут Данјума.
Станува збор за напаѓач кој сезонава во три настапи за Виљареал веќе постигна два гола.
Засега деталите од трансферите не се откриваат, меѓутоа се би требало да биде завршено.