Конечно падна договор, Калафиори потпишува за Арсенал!

by riste
1 минути читање

По долги и напорно преговори, заврши сагата на Рикардо Калафиори, тој во наредните денови ќе стави потпис на договор со Арсенал откако сите пречки се отстранети.

Проблем во целата ситуација беше договорот меѓу Болоња и Базел кои се договараа кој колку да добие од сумата која ќе ја плати Арсенал. Сега и тоа е решено, па зделката е завршена.

Остануваат да се средат формалностите во наредните денови и трансферот и официјално да биде објавен.

Калафиори ќе потпише петгодишен договор со Арсенал за плата од 4 милиони евра годишно.

Медицинските тестови се закажни во САД каде што се подготовките на Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани