Се чини дека Баерн Минхен под водство на Винсент Компани ја врати моќта која го красеше порано, Баварците имаат убедлив почеток во Бундеслигата и уште поубедлив во Лигата на шампионите.
Германскиот тим вчера го понижи Динамо Загреб победувајќи го со 9-2, тимот на Компани изгледа беспрекорно во моментов.
Кога беше назначен за тренер на Баерн, многумина се сомневаа дека тоа е правилна одлука со оглед на тоа што со Барнли испадна од Премиерлигата. Но, судено од првиот впечаток, се чини дека Белгиецот и тоа како е добар тренер.
По вчерашниот меч Компани беше запрашан за луѓето кои велеа дека работата во Баерн е многу голема за него.
„Ќе ви кажам нешто набрзина за само да докажам поента. Јас сум роден во Брисел, татко ми беше бегалец кој дојде од Конго. Какви беа моите шанси да играм фудбал во Премиерлигата, да освојам нешто како фудбалер, да играм за националниот тим? Шансите беа 0.000 и нешто. Сега сум тренер на Баерн Минхен“, вели Компани.
„Дали ќе престанете да верувавте во себе и во тоа што може да направите само поради тоа што другите луѓе зборуваат?“.
„Менталитетот е да продолжите и на крајот ако не успеете не успеете, ако успеете успеете. Но, секогаш може да бидете подобар“.
„На интернет секогаш може да најдете различни навреди, но јас никогаш не ги сфаќам лично“.