Како и што се најаувваше веќе подолго време Винсент Компани е новиот тренер на Баерн Минхен.
Баерн денеска потврди дека Компани потпишал договор до 30-ти јуни 2027. На клупата на Баерн Белгиецот пристигнува од англиската Премиер лига каде што го водеше Барнли.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот. Баерн е голем клуб и чест е да се биде тренер тука. Овој клуб е институција во меѓународниот фудбал. Како тренер треба да се залагате за тоа што сте како личност, јас сакам да ја имам топката и да сум креативен. Ќе се обидам на теренот да бидеме агресивни и храбри, за да имате успех морате да поставите и добра основа“, изјави Компани.
Ангажманот на Компани во Баерн дојде како изненадување бидејќи неговиот Барнли сезонава испадна во понизок ранг.