127
Фудбалерот Саша Бои кој во зимскиот преоден рок пристигна во Баерн Минхен заработи повреда и ќе мора да оди на операција.
24-годишниот офанзивец беше подложен на операција и станува збор за кинење на менискусот на коленото. Според најавите тој би требало да биде спремен да се врати на терените за неколку недели.
Но, во овој момент дополнителен проблем за Компани е што не може да смета ниту на Јосип Станишиќ, па така тимот остана без бекови. Мазрауи како што е познато се пресели во Манчестер Јунајтед.
Баерн го чека почетокот на Лигата на шампионите каде што ќе игра против Динамо Загреб и стратегот на баварците ќе мора да импровизира за овој дуел.