85
Џамал Мусиала ќе биде спремен за натпреварот на Баерн Минхен против Барселона во Лигата на шампионите и тоа е одлична вест за германскиот гигант.
Од поразот од Астон Вила Мусиала не беше во тимот на Баерн, но сега се враќа во вистински момент.
Според најавите на германските медиуми Мусиала натпреварот ќе го започне од клупата за резерви, а за минуажата одлука Компани ќе донесе непосредно пред натпреварот.
Враќањето на Мусиала го потврди спортскиот директор на тимот, Кристоф Фронјнд.
„Тој е со екипата во овој важен момент. Ќе виддиме колку ќе биде спремен да игра“, изјави Фројнд.