Комо промовира играч кој беше европски, а работи и на трансфер на светски првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Новиот италијански прволигаш Комо се пофали со големо засилување за следната сезона.

Во редовите на тимот кој го предводи Цеск Фабрегас пристигна Андреа Белоти од Рома. Искусниот напаѓач кој играше и за Фиорентина, а со Италија стана европски првак во 2021 година парафира двегодишна соработка со Комо.

Покрај Белоти, овој клуб работи и на уште едно сериозно засилување. Откако го обезбеди потписот со играч кој беше европски, сега сонува за потпис со светски првак.

Станува збор за Рафаел Варан кој е слободен агент по заминувањето од Манчестер Јунајтед. Францускиот стопер е желба лично на Фабрегас, а иако мисијата е тешка да се исполни, Комо ќе се обиде да се бори со конкуренцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани