108
Комо беше на прагот на првата победа во Серија А, но Болоња се извлече во самиот финиш од натпреварот, конечниот резултат беше 2-2.
Комо поведе уште во петтата минута со автогол на Касале. Тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
По осум минути игра во вториот дел Кутроне го зголеми водството на Комо на 2-0. Домаќините доминираа во тој период и се чинеше дека само прашање е уште колку гола ќе прими Болоња, но работите се променија.
Во 76. минута Кастро најпрво намали на 2-1, а во првата минута од судиското продолжение Илин Жуниор даде убав гол за конечните 2-2.
По четири одиграни кола ниту Комо, ниту Болоња немаат победа оваа сезона во Серија А.