Комисија за натпревари: Натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ без присуство на публика

by 24 фудбал
1 минути читање

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до клубовите од Прва МФЛ и фудбалската јавност за одлуката донесена по барање на Министерството за внатрешни работи (МВР) во врска со натпреварите од 17. коло и 18. коло во Прва МФЛ. 

Комисијата за натпревари го прифати барањето и донесе одлука натпреварите од 17. коло (3 декември, 13:00 часот) и 18. коло (8 декември, 13:00 часот) во Прва МФЛ да се одиграат без присуство на публика. 

Одлуката на Комисијата за натпревари е донесена поради извршена проценка на Министерството за внатрешни работи заради неодамнешните случувања и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување пред, за време и по одигрување на фудбалските натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани