Комбинација поради која стана мета на сеир: На собирот на Франција стигна со штикли (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентативецот на Франција и ѕвезда на Барселона, Жул Кунде, се најде во центарот на вниманието и мета на многу сеир од навивачите.

Имено, тој на собирот на репрезентацијата на „триколорите“ пристигна во невообичаена модна комбинација. Кунде носеше кондури со високи потпетици, малку превисоки за машките. Покрај тоа, имаше и голема чанта од марката „Луи Витон“ која исто така привлече внимание.

Инаку, Кунде е еден од главните играчи на Барселона во изминатите две сезони. Исто така често е стандарден и во репрезентацијата на Франција со која ќе игра на Европското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани