Колумбија со 1-0 го победи Уругвај и се пласираше во финалето на Копа Америка каде што ќе игра против Аргентина, Колумбијците цело второ полувреме го играа со фудбалер помалку.
Колумбија и Уругвај одиграа возбудлив меч со само еден гол и многу промашени шанси и на двете страни.
Единствениот погодок се случи во 39. минута кога по асистенција на Хамес Родригез, Лерма погоди со глава за водство на Колумбија од 1-0.
Пред самиот крај на првиот дел, Муњоз заработи црвен картон, Колумбија остана со фудбалер помалку.
Уругвај и покрај тоа што цело полувреме играше со фудбалер помалку, не успеа да даде гол за израмнување, а во финишот лесно можеше и да прими.
Колумбија во финалето ќе игра против селекцијата на Аргентина, ќе има и меч за третото место во кој ќе се сретнат Канада и Уругвај.