Манчестер Јунајтед се раздели со Ерик Тен Хаг. Чашата ја прели последниот пораз од Вест Хем во Премиер лигата и катастрофалната позиција на табелата.
Привремено клупата на „ѓаволите“ ќе ја преземе легендата на клубот Руд Ван Нистелрој. Холанѓанецот работеше како помошник на Тен Хаг и поради тоа ја доби довербата да го води тимот додека се најде перманентно решение.
Веќе се споменуваат неколку имиња за потенцијални наследници на тренерот. Слободни за потпис со Јунајтед се Чави Хернандез и Един Терзиќ. Екс-тренерот на Барселона летово замина од Каталонија, а слична беше ситуацијата и со Терзиќ во Борусија Дортмунд.
Покрај нив, се зборува и за две зафатени имиња. Тоа се Томас Френк од Брентфорд и Рубен Аморим од Спортинг.