Фудбалерот на Реал Сосиедад, Мартин Зубиаменди во летниот преоден рок го одби Ливерпул и одлучи да остане во шпанскиот тим сметајќи дека тоа за него е најдобро во тој момент од кариерата, сепак сега изгледа го сменил мислењето.
Зубиаменди го привлече вниманието со одличните настапи за Реал Сосиедад и Шпанија, па понудата на адреса на Сосиедад во текот на летото изнесуваше 50 милиони евра, клубот беше спремен да го продаде и изгледаше дека трансферот ќе се реализира, но пресуди желбата на фудбалерот.
Меѓутоа сезонава Сосиедад бележи лоши резултати и по шест кола во првенството има само една победа, а Зубиаменди незадоволен од таквата ситуација наводно го контактирал Ливепрул.
Според информациите на медиумите тој воспоставил контакт со „црвените“ надевајќи се дека се уште постои интерес за да го доведат во јануарскиот преоден рок.