Ковачиќ јасно играше со рака, Премиер лигата објасни зошто немаше пенал! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
2 минути читање

Манчестер Сити славеше со 0-2 на гостувањето кај Челси во рамките на првото коло на Премиер лигата на „Стемфорд Бриџ“ со головите на Ерлинг Халанд и Матео Ковачиќ.

Освен што даде гол, Хрватот беше во центарот и на еден контроверзен момент кој предизвика лавина реакции. Во 77 минута топката во еден момент го погоди Ковачиќ директно во раката, но одлуката на судијата Ентони Тејлор и ВАР собата беше дека нема елементи за најстрога казна.

Од оваа сезона Премиер лигата воведе новитет и сите разговори и одлуки од ВАР собата во соработка со судиите на теренот ќе ги објаснува преку специјален профил на мрежата „Х“, па таму ја објасни својата одлука. Причината поради која Челси не доби пенал беше фактот дека Ковачиќ беше преблизу до Мало Густо кој исфрлаше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани