Фудбалската репрезентација на Хрватска за време на подготовките за Европското првенство ја победи Македонија со 3-0 на тестот во Риека.
Овој натпревар беше рекорден за Матео Ковачиќ кој запиша убав јубилеј во националниот дрес. По натпреварот, хрватскиот играч за врска зборуваше за амбициите на претстојниот турнир.
„Преубаво е чувството да добиеш шанса да бидеш капитен на репрезентацијата. Благодарен сум на селекторот Далиќ за таа чест. Најубав момент во кариерата со Хрватска? Немам поима, тешко е тоа прашање. Ми беше преубаво во Катар, беше посебно да си дел од тој тим, а незаборавно беше и среброто во Русија.
Дај Боже на Европското да освоиме злато! Во првите 100 настапи не освоив трофеј, барем не златен медал. Одиме чекор по чекор на турнирот, ќе дадеме сè од себе“, изјави Ковачиќ.
На континенталниот собир Хрватите се во најтешката група против Шпанија, Италија и Албанија.