Фудбалеритет на Челси се радуваа на нова победа во Конференциската лига против Хајденхајм (0-2) во Германија. Лондонскиот гигант со головите на Кристофер Нкунку и Микаило Мудрик стигна до трите бода на ова гостување. Со ова „сините“ останаа максимални по четири рунди во натпреварувањето.
Јагиелонија и Дарко Чурлинов одиграа ефикасно реми на гостувањето кај Целје (3-3). Македонскиот репрезентативец беше стартер, одигра 86 минути и забележа жолт картон. Неговиот тим двапати се враќаше од негатива во Словенија и еднаш поведе, а на крајот средбата заврши без победник.
Борац Бања Лука триумфално мина против ЛАСК (2-1). Македонскиот интернационалец Бобан Николов беше стартер и играше до 57. минута, а голманот Шишковски беше на клупа.
На останатите терени Астана и Гимараеш одиграа нерешено (1-1), Серкл Бриж слави со Хартс (2-0), Копенхаген го совлада Динамо Минск (1-2), АПОЕЛ слаив кај Молде (0-1), Сент Гален и ТСЦ одиграа 2-2, а без голови заврши средбата на Ноах и Викингур (0-0).