КЛ: Тиквеш по историја, Шкендија сака да избегне нова катастрофа

by Стефан
1 минути читање

Екипите на Тиквеш и Шкендија денеска ги играат своите реванш натпревари од првото коло во Конференциската лига.

Тиквеш на гостувањето во Исланд против Бреидаблик носи предност од 3:2 до која стигна со голем пресврт во Скопје. Бреидаблик имаше предност од 0:2 се до последните 15-тина, а тогаш кавадрчани постигнаа три гола за победа.

Иако Бреидаблик водеше со 2:0 Тиквеш константно од почетокот на натпреварот беше подобриот тим на теренот и уште во првото полувреме пропушти неколку добри прилики. Ако ја повторат таквата игра би требало да ги гледаме во второто коло.

Шкендија од друга страна влезе како фаворит во двомечот против Ноа, но во Ерменија со два примени гола во финишот се стави во тешка ситуација. Тетовскиот клуб и во минатите квалификации беше елиминирана во првото коло, а за да не им се случи таков неуспех повторно вечерва мораат да одиграат многу подобро. За екипата на Ноа ова е деби во европските квалификации.

Ќе потсетиме, во второто коло од квалификациите веќе е Струга која по елиминацијата од квалификациите за ЛШ продолжува во битка за влез во групната фаза од КЛ. Веќе е и познато дека македонскиот шампион ќе игра против Пјуник идниот четврток.

20:00 Шкендија – Ноа

21:15: Бреидаблик – Тиквеш

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани