Oктомвриската репрезентативна пауза е пред завршување, а пред викендот кој следи одлични вести доби тренерот на Барселона Ханси Флик.
Имено, како што е потврдено денес, дури тројца фудбалери на каталонскиот гигант добиле зелено светло да се вратат во натпреварувачки погон.
Дани Олмо, Фермин Лопез и Гави кој чека цела година да се врати на терените би требало да добијат шанса во финишот од натпреварот со Севиља.
Олмо паузира еден месец и тој би требало да добие 20-25 минути според најавите и така да се припреми за Баерн Минхен и Реал Мадрид, сличе е планот и со Лопез.
На ова треба да се додаде и дека Френк Де Јонг полека може да одигра и повеќе од половина час по една година пауза, па така Флик одеднаш ќе добие четири „засилувања“ во клучен период.
Во изминатиот период Флик во средниот ред ги имаше само Педри, Марк Касада и Марк Гарзија.
Натпреварот помеѓу Барселона и Севиља на програмата е в недела од 21:00 часот.