Клоп: Не е проблемот во ВАР – не знаеме да го користиме!

by Стефан
1 минути читање

Претставниците на клубовите од англиската Премиер лига на почетокот на следниот месец ќе гласаат за евентуално укинување на ВАР, објавија медумите на Островот во средата. За да се укине ВАР потребно е да има најмалку две третини од гласовите против, односно за укинување да гласаат 14 од 20 клубови.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп одржа конференција за медиумите пред натпреварот против Вулверхемптон во недела кој ќе биде негов последен во англиското првенство.

Клоп доби прашање од новинарите како би гласал во одлуката за ВАР.

„Не мислам да се гласа против ВАР, туку против начинот на кој се користи, тој сигурно не е правилен. Земајќи во предвид начинот на кој сега работи би гласал против затоа што тие луѓе не знаат да го користат ВАР. Не е проблемот во ВАР, туку во неговото користење. Не можеш да ги замениш луѓето, очигледно ти се потребни. Поради тоа би гласал против“, објасни Клоп.

ВАР во Премиер лигата беше воведен во 2019 година, меѓутоа од самото воведување е предмет на многу контроверзни моменти. Предлогот за укинување на ВАР го даде екипата на Вулверхемптон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани