Клоп кажа кои тројца фудбалери би ги довел во Ливерпул ако имал неограничен буџет

by Стефан
1 минути читање

Сега веќе поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп во разговор за британските медиуми откри кои тројца играчи би ги довел во Ливерпул ако клубот имал неограничен буџет.

„Можете ли да замислете ситуација во која Ливерпул има неограничен буџет, знаете ли кои играчи би ги довеле?“, беше запрашан Клоп.

„Прво Килијан Мбапе, потоа во дресот на Ливерпул може да ги замислам Џуд Белингем и Ерлинг Халанд. Сепак, тоа не сме ние, тоа не се вклопува со концепцијата која ја има Ливерпул. Освоивме се што може да се освои на наш начин“, изјави Клоп.

Ќе потсетиме, Клоп одлучи да го напушти Ливерпул на крајот на сезона и него го наследи Арне Слот кој пристигна од Феенорд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани