Кимих: Нема да чекам лето, одлука за иднината ќе падне во јануари!

by 24 фудбал
1 минути читање

Еден од лидерите на сегашниот тим на Баерн Минхен е Џошуа Кимих.

Германскиот репрезентативец може да покрие повеќе позиции. Иако примарна му е дефанзивен играч за врска, Кимих добро се снаоѓаше и како бек, а неговата универзалност Баерн знаеше да ја користи. Сепак, проблем настапа во преговорите за новиот договор. Актуелниот на Кимих му истекува налето, а засега не може да пронајде заеднички јазик со клубот за нов.

Самиот Кимих откри дека нема шанса да чека лето за да си ја знае својата иднина во кариерата.

Јас немам во план да чекам до лето. Ќе седнам во следниот период и ќе размислам, ќе ја согледам пошироката слика. Во јануари дефинитивно ќе донесам одлука за иднината“, кратко прокоментира тој.

Кимих е член на Баерн Минхен од 2015 година кога дојде од Лајпциг. Досега има 409 натпревари во клубот и 42 погодоци, а освои многу титули од кои секако најважна е во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани