Килиан Мбапе се повреди, Реал откри колку ѕвездата ќе паузира!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид во следниот период ќе игра без новата ѕвезда во тимот, Килиан Мбапе, кој заработи повреда по победата над Алавес во Ла Лига (3-2).

Карло Анчелоти откри дека француската ѕвезда заработи мускулна повреда. Иако не е премногу сериозна, сепак повредата ќе го оддалечи Мбапе од терените на одредено време.

Стана познато дека Мбапе го очекува тринеделна пауза. Тој ќе пропушти три средби за тоа време, а во полза на Реал му оди фактот дека следува репрезентативна пауза во октомври.

Килиан Мбапе нема да игра за Реал против Атлетико Мадрид на гости, против Лил во Лигата на шампионите и со Виљареал во шпанското првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани