Кикс на Атлетико: Рајо остана непоразена на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Атлетико Мадрид не победи и одигра само реми 1:1 во натпреварот против Рајо Ваљекано во последниот натпревар од денешната програма во шестото коло од шпанската Ла Лига.

Рајо и прв дојде до водство со голот на Палазон по нешто повеќе од половина час игра. Со тој гол заминаа и со минимална предност на паузата.

Атлетико од самиот старт во вториот дел заигра подобро, а со голот на Галагер во 49. минута успеаа брзо да дојдат до изедначување.

Имаше Атлетико иницијатива до крајот, но без некои посериозни шанси, па така двете екипи ги поделија бодовите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани