Кејн: Тренерот ни рече да бидеме немилосрдни, сакавме да дадеме 10-11 голови!

by riste
1 минути читање

Баерн Минхен вчера до врв ја наполни мрежата на Динамо Загреб победувајќи со 9-2, а Хари Кејн вели дека сакале да дадат и двоцифрен број на погодоци.

Кејн постигна четири голови, дури три беа од пенал.

„Сакавме да влеземе моќно и мислам дека успеавме во тоа. Од почетокот до крајот, со исклучок на тие пет минути на почетокот од второто полувреме, бевме добри и уверливи. Сакавме да продолжиме со добрата форма и овој резултат го потврди тоа“, вели Кејн.

„Тренерот ни рече да бидеме немилосрдни. Прв, втор, трет, четврти, исто како на филмска ленте. Дојдовме до девет, сакавме 10 и 11, мора така да продолжиме“.

Кејн открива дека ги задржува сите топки со кои постигнува хет-трик.

„Ги задржувам топките од натпреварите на кои давам хет-трик. На соиграчите им е мака што мораат да ги потпишуваат, но мора да го прават тоа. Син ми Луис сака да игра фудбал, ќе ја однесам дома и ќе ја ставам крај неговиот кревет. Наутро кога ќе се разбуди ќе биде среќен“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани