34
Хари Кејн уште во првото полувреме го заврши дербито против Борусија Дортмунд откако поради повреда мораше да го напушти теренот во 33. минута од натпреварот.
Информациите од Германија велат дека повредата на Хари Кејн не е сериозна, но нема да игра во среда против Леверкузен. Тоа е меч од Купот на Германија.
Во тој контекст беше и изјавата на Винсент Компани по крајот на мечот.
„Хари ми рече дека не е многу лошо, и се надевам дека е така. Ќе направиме дополнителни тестови. Ќе биде тешко да игра против Баер Леверкузен. Не знам многу играчи кои успеваат толку брзо да се опорават“, рече Компани.