Хари Кејн има многу пофални зборови за новиот тренер на Баерн Минхен, Винсент Компани.
Вчера Баерн Минхен го имаше првиот официјален натпревар оваа сезона. Триумфираше на гостувањето кај Улм со 4-0 во меч од Купот на Германија.
„Ми се допаѓа многу. Тој внесе многу енергија, многу свежа енергија. Начинот на кој сака да игра, со висок притисок, со многу посед, со многу напади во обид да се постигнат многу голови. Мислам дека тоа ни одговара нас, тоа му одговара на тимот кој го имаме. Мислам дека како ќе одминува времето така ќе напредуваме и подобро ќе ги разбираме неговите идеи. Но моите први импресии од него се навистина добри“, рече Кејн за Компани.
Хари Кејн беше стрелец на еден од четирите гола на вчерашниот меч.